Запознајте го семејството на Александар Трајковски, фудбалерот кој го даде историскиот гол против Италија (фото)
- Детали
- петок, 25 март 2022
Прекрасната црнокоса сопруга Александра и синчето Матеј му се најголемата поддршка. Александар Трајковски (29) неретко знае да истакне дека неговото семејство е неговото сè. По победата над Италија, тој напиша на Инстаграм: „Ова е за мојата фамилија и за цела Македонија!“.
Александар Трајковски (29) е фудбалерот кој вчера (24.03) во мечот против Италија го даде одлучувачкиот гол и ѝ ја донесе победата на Македонија на првиот меч од квалификациите за Светско првенство.
Интересно е што Трајковски долги години бил во улогата на напаѓач на италијанскиот клуб Палермо, па буквално играше на свој терен.
Тој потпишал договор со овој италијански клуб во 2015-та година, но повеќе не е дел од Палермо. Сепак, стадионот таму очигледно му донесе среќа.
Александар е во брак со прекрасната Александра и заедно го имаат 5-годишниот син Матеј.
Неретко знае да истакне дека неговото семејство е неговото сè, односно дека токму тие му се најголемата поддршка во животот и кариерата.
По победата над Италија, тој напиша на Инстаграм: „Ова е за мојата фамилија и за цела Македонија!“
Александар Трајковски се огласи и на Твитер по победата, каде напиша: „Верувај во своите соништа и тие ќе ти се остварат. Македонија!“
Belive in your dreams and they will come true! MACEDONIA 🇲🇰🙏💪 pic.twitter.com/klV75XelXJ
— Aleksandar Trajkovski (@ATrajkovski17) March 25, 2022