„Пред крајот на мојот ангажман во Дерми, 25 дена пред да се вратам дома, ми се случи нешто како нервен слом. Не бев оптоварена, немав една мисла на која треба да се фокусирам, сè ми течеше лесно како по вода, немав потреба да го заморувам мозокот со ништо, бев толку многу опуштена на море, што мислам дека оттука ми почнаа сите проблеми. Поддршката од Тијана направи да имам чувство дека јас не треба да мрднам со прст... Депресијата не ти дава да чувствуваш ниту задоволство, пример за да седнеш со пријатели, го правам тоа поради тоа што така треба и не одам со чувство на радост“, искрено раскажува Миа Костова.