Деспина од Скопје беше запросена на Куп во боди-билдинг, со натпис „Омажи се за мене“ (фото)
- Детали
- вторник, 05 април 2022
„Мојот партнер освои две втори места на Купот во боди-билдинг, но сите се шегуваа дека на крај го освои златото, кога ме запроси и му кажав ‘ДА’“, раскажува Деспина Кузманова (27) од Скопје за CRNOBELO.com.
Деспина Кузманова (27) од Скопје, сопственичка на салон за убавина, беше запросена од страна на својот партнер Дени Гоцев (27) на настанот Куп во боди-билдинг, каде тој се натпреваруваше и освои сребрен медал.
Таа за CRNOBELO.com открива детали од запросувањето:
„Мојот партнер освои две втори места на Купот во боди-билдинг, но сите се шегуваа дека на крај го освои златото, кога ме запроси и му кажав „да“.
Бевме во врска 6 години, а најинтересниот миг од запросувањето беше што кога прочитав „Деспина, омажи се за мене“. Уште стоев, затоа што на сцената имаше повеќе натпреварувачи и не знаев дали е за мене или за некоја друга Десипина.
Навистина ме изненади, не очекував.“
Фотографии од запросувањето:
© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело