Мартија Станојковиќ го прослави 18-иот роденден – гламурозен стајлинг, торта на 3 ката и гости од естрада (фото)
- Детали
- петок, 08 април 2022
Мартија Станојковиќ блесна во полн сјај на 18-иот роденден - со впечатлив аутфит, торта на три ката, во друштво на најблиските, помеѓу кои и Антониа Гиговска и Иван Јованов кои пееја за неа, кумановката направи луда забава по повод полнолетство.
Македонската пејачка Мартија Станојковиќ го прослави 18-иот роденден во присуство на пријателите и најблиските.
На забавата меѓу присутните беа и Антониа Гиговска и Иван Јованов од Либеро бенд, a oд објавите на Инстаграм може да се забележи дека двајцата вечерта ја поминале со микрофонот во рака, пеејќи некои од омилените песни на славеничката.
Мартија за забавата носеше долг и тесен, син фустан со ролка што го надополни со сребрен накит и светкави чевли.
Таа ги дувна свеќичките на белата торта на три ката декорирана со сини детали, а од фотографиите и видеата објавени на нејзиниот Инстаграм профил може да се забележи дека присутните добро се забавувале.
За потсетување, Мартија Станојковиќ го зема второто место на регионалното музичко талент шоу „Пинкови ѕвездички“, а во 2016-та година ја претставуваше Македонија на Детскиот избор за песна на Евровизија, а сега гради успешна музичка кариера.
Гламурозниот стајлинг на Мартија за 18-иот роденден:
Б. С. Б. | Црнобело