Аделина Тахири за роденденот е во Монако со сопругот - подарок Hermes чанта, прослава во раскошен локал (фото)
- Детали
- понеделник, 04 април 2022
Аделина Тахири го слави 30-тиот роденден со роденденско патување во Монте Карло - никогаш повљубени со сопругот. За подарок откри дека ја добила чантата од соништата...
Аделина Тахири доби романтично изненадување од сопругот по повод Денот на вљубените, а сега тој повторно во негов романтичен стил ѝ приредува изненадувања.
Адвокатот Серјожа овојпат ја одведе на роденденско патување во Монте Карло, Монако. Денес (04.04) таа го слави својот 30-ти роденден.
Парот славеше во раскошен локал ноќта претходно, а пејачката доби Hermes чанта на подарок од саканиот, за која напиша на Инстаграм Стори дека е нејзина чанта од соништата.
Прославата ноќта пред роденденот им беше во „Sass Cafe Monaco“.
Роденденското патување на Аделина:
Прочитајте и Аделина Тахири го прослави 29-тиот роденден во домашни услови (фото)
С. С. | Црнобело