Аделина Тахири доби стотици рози и низа подароци од сопругот за Валентајн - славеа во скопски локал
- Детали
- вторник, 15 февруари 2022
Многу рози, балони во форма на срце, парфем Tiziana Terenzi, чанта BVLGARI и што уште не... Сопругот ѝ приреди на Аделина ноќ за паметење.
Аделина Тахири доби романтично изненадување од сопругот по повод Денот на вљубените.
Пејачката позираше со цветниот аранжман од рози во нејзиниот дом и со букетот црвени рози, а на Инстаграм Стори ги сними и подароците од саканиот Серјожа, меѓу кои беше парфем Tiziana Terenzi, како и чанта од брендот BVLGARI.
На една од фотографиите со цветниот аранжман таа го гушка и својот син Јон.
Потоа, парот славеше во скопскиот локал Панорамика, каде уживаа во романтичната атмосфера, која на крајот заврши и со блех-музика.
С. С. | Црнобело