Емотивна објава на Коки од дуото „Дуле и Коки“: „Запознав човек кој ги крстил близнаците по нас – Дуле и Коки“
- Детали
- четврток, 31 март 2022
Дуле го изгубивме на само 38 години во 2013-та година, а Коки никогаш не го преболе својот колега од дуото „Дуле и Коки“, ниту тој, ниту ние! Ова дуо имаше едни од најпосетените свирки низ Македонија и нивната музика ни носи мирис на едни минати и можеби поубави времиња. Сетете се само на „Виолина и Гитара“ и „Марама“...
„Дуле и Коки“, македонското поп дуо во кое членуваа Душан Љубисављевиќ и Никола Јанков, двајцата од Штип, остави силен печат на македонската музичка сцена. Сетете се само на нивната „Марама“, „Колку треба да се плати“, „Дај ми шанса“...
Ова дуо на јавноста ѝ стана најпознато во 1996 година кога со песната „Виолина и гитара“ победија на фестивалот „Макфест“. Во својот репертоар имаа повеќе од 50 композиции, а многу од нив се сметаат за евергрини.
За жал, Дуле прерано го загубивме во 2013 година, на само 38 години.
Но, Коки, а и цела Македонија не го заборава овој прекрасен музичар. Коки на годишнината од неговата смрт секогаш со емотивни објави се пристетува на убавите заеднички мигови.
Сега, тој повторно сподели една навистина емотивна случка, која е уште еден доказ колку ова дуо беше сакано и ценето.
Неговиот опис на фотографијата на која позира со две момчиња, близнаци, гласи:
„Од време на време ќе сретнеш, ќе разбереш, ќе слушнеш некоја случка или приказна, но ова е вистинска љубовна приказна.
Не беше за верување, ама ќе те тресне, па се чудиш дали е за верување или не.
Дури свирев таа вечер, имаше еден пар, маж и жена, што некако двоеја од останатите луѓе од таа маса, кај што седеа, а беше голема маса.
Нема, нема, па со поглед човекот како да сакаше да ми каже нешто.
Не знам како при крај некој викна „Седи Коки, одмори малку“ и седнав, ама баш до човекот за кого ви зборувам...
Ми рече вака: „Брат, заминати сме од Македонија, одамна, имам двајца синови, близнаци, од по 13 години се“.
Ех, реков, супер, како ќерка ми (му влегов во збор).
„Ќе погодиш ли како се викаат?“, ме праша.
Кревам раменици.
„Дуле и Коки – по вас“, ми кажа.
Штамааа, кнедла!
Чест е, а?
Можам да напишам уште нешто... Ама не можам.
П. С. Му реков на Ѓорѓи (таткото) да ги донесе утре да ги гушнам.“
26.03.2022 Пјаченца , Италија
Od vreme na vreme ke sretnes, ke razberes,ke slusnes nekoja slucka ili prikazna..e, ama ovaa e vistinska ‘Love...
Posted by Koki Jankov on Thursday, March 31, 2022
Прочитајте и 10 безвременски нумери на легендарното дуо Дуле и Коки кои продираат длабоко во душата
С. С. | Црнобело