10 безвременски нумери на легендарното дуо Дуле и Коки кои продираат длабоко во душата
Авангардни стихови испреплетени со совршената нота на бесконечноста. За нив, што и да се напише е премалку...
Со почеток во 1996 година, ова музичко дуо составено од маестралните Душан Љубисављевиќ (Дуле) и Никола Јанков (Коки) станува едно од најпрепознатливите и воедно најквалитетни музички бендови на нашите простори.
Нивните песни сѐ уште „живеат“, гитарата и виолината оддалеку оддекнуваат, откако во 2013 година почина фронтменот на бендот, единствениот Дуле.
Музичкото портфолио на Дуле и на Коки брои над 50 нумери, а голем број од нив се сметаат за едни од најслушаните македонски евергрини.
Во чест на ова безвременско музичко дуо, во продолжение за вас издвоивме 10 ремек-дела кои сосема ќе ви ја стоплат душата:
„Виолина и гитара“
https://www.youtube.com/watch?v=VUVVktJTrHo
„Мене место не ме фаќа“
https://www.youtube.com/watch?v=VWRftSYWkOg
„Залудно е да се напијам“
https://www.youtube.com/watch?v=OK9f_yTqCAE