Девојче од Скопје, маскирано како српската евровизиска претставничка Констракта, е хит на Инстаграм
- Детали
- петок, 01 април 2022
2-годишната Фрида од Скопје со црна перика, шминка во стилот на Констракта и цвеќе на униформата, е мини копија на српската уметница, која го освои регионот со своите стихови „Уметница, мора бити здрава“ од песната „In Corpore Sano“. Креативно, зарем не?
Фрида (2), е мала модна икона од Скопје со речиси 9.000 следбеници на Инстаграм, која денес ја има една од најкреативните првоаприлски маски во Македонија.
Таа е маскирана во српската еврвозиска претставничка Констракта.
Како што Констракта си ги миеше рацете во бел мантил на сцената на Беовизија, така и Фрида го прави истото.
Со црна перика, шминка во стилот на Констракта и цвеќе во косата, таа е мини копија на српската уметница, која го освои регионот со своите стихови „Уметница, мора бити здрава“ од песната „In Corpore Sano“
Маската била подготвувана околу две седмици, со потстрижување на шишки на периката, теснење на униформа на кројач и бирање на цвеќе, најсоодветно на она кое го носеше Констракта.
Дефинитивно уникатно и креативно, зарем не?
Погледнете ја кул маската на малата Фрида од Скопје:
Потсетете се на настапот на Констракта:
Прочитајте и Дечиња како група ежиња шетаат низ Скопје + првоаприлските маски на децата на познатите (фото)
С. С. | Црнобело
* фотографиите се објавени со дозвола од родител