Вчеравечер (16.11) Скопје беше во полн сјај на мапата на светски метрополи, затоа што се случи црвен тепих, се случи настан каков што нашиот град заслужува, се случи премиерата на „Кајмак“, нашето филмско остварување за кое светот веќе слушна, а за кое допрва ќе зборува, се случи уште едно врвно дело на Милчо Манчевски, уште една врвна изведба на актерската екипа на чело со неверојатно талентирана млада актерка Сара Климоска... Се наздравуваше со црвено вино, се говореше за бурата од емоции кои овој филм ги поттикна во секој од нас. Видни јавни личности, но и вљубеници во филмската уметност го наградија делото на нашиот, а светски режисер со стоечки овации и громогласен аплауз.