Ива Спасовска објави селфи без Инстаграм филтри и шминка: „Стоп за булинг со плукање“

„Не сакам да се објаснувам многу долго, неколку девојчиња ми пишаа во порака дека и јас користам филтер. Да, јас и сега (додека го снимам видеово за на Инстаграм Стори) користам филтер. Јас користам триста апликации и тоа го кажав на радио, јас 15 години користам апликации, но не се срамам и да се покажам во вистинско светло пред камера...“, гласи дел од објавата на македонската дизајнерка Ива Спасовска со која испраќа апел.

iva-spasovska-objavi-sosema-selfi-bez-instagram-filtri-i-shminka-stop-za-buling-so-plukanje-01.jpg

Српската инфлуенсерка Дуња Јованиќ поттикна лавина од реакции со своето видео во кое порачува помалку да користиме Инстаграм филтри и повеќе да се прифаќаме себеси.

Македонската дизајнерка Ива Спасовска пак, е една од оние кои ја поддржаа иницијативата на Дуња на Инстаграм, но откри дека потоа се соочила со многу обвинувања.

Откако Ива ја поддржа Дуња Јованиќ за видеото и идејата, добила критики дека и таа самата користи филтри.

Па, на ова Ива вели:

„Не сакам да се објаснувам многу долго, неколку девојчиња ми пишаа во порака дека и јас користам филтер. Да, јас и сега (додека го снимам видеово за на Инстаграм Стори) користам филтер.

iva-spasovska-objavi-sosema-selfi-bez-instagram-filtri-i-shminka-stop-za-buling-so-plukanje-02.jpg

Навистина не разбирам кога некој има идеја да поддржи некој што сакал нешто да направи и да се пренесе вистинската идеја, како вие веднаш наоѓате простор да плукате...?

Тоа не можам да го разберам, но и не морам се да разберам, ваше право е да плукате.

Јас користам триста апликации и тоа го кажав на радио, јас 15 години користам апликации, но не се срамам и да се покажам во вистинско светло пред камера.

iva-spasovska-objavi-sosema-selfi-bez-instagram-filtri-i-shminka-stop-za-buling-so-plukanje-03.jpg

Стоп за булинг со плукање. Поддршка за сите позитивни души кои се обидуваат да го спасат светот барем со мали чекори.

Последно нешто што сакам да го кажам за предизвикот да се сакаш таква каква што си, не е поврзано лично со мене, туку со безброј млади девојчиња и жени за кои сум личен сведок кај мене во ателје дека од навика на филтри одбиваат да се погледнат директно во огледало, туку отвораат Инстаграм филтер и преку него прават проценка како изгледаат во новата креација.

Ние секако се движиме во сè повеќе виртуелен свет, но идејата е да се сакаме и во огледало и не секогаш да зависиме од апликации.“

iva-spasovska-objavi-sosema-selfi-bez-instagram-filtri-i-shminka-stop-za-buling-so-plukanje-07.jpg

iva-spasovska-objavi-sosema-selfi-bez-instagram-filtri-i-shminka-stop-za-buling-so-plukanje-04.jpg

Повеќе Инстаграм фотки од Ива:

Прочитајте и „Ова сум јас, со сите мани“ - Моќното видео од најпознатата српска инфлуенсерка, кое го споделуваат и Македонките

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бока Конга ќе стане татко, го покажа трудничкото стомаче на саканата Маја Со видео од плажа, на кое се гледа неговото мускулесто тело и трудничкото стомач...
Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...
Миа Костова со брутално видео за убавината: „Не се печете во солариум и не носете вештачки трепки - ... „Сум носела надградба на коса, ама сега страшно ми изгледа. Ај што некој им...
„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...
Сања Ристиќ не ја крие љубовта кон Перо Антиќ: „Моето срце е за медал, ги собира сите овие 211cm“ „Не знам за вашите срца, колку се големи и колку љубов можат да соберат, ама мое...
Јелена Спенџарска слави 2 години љубов со Лукас: „Животот ми е сменет откако побара да му бидам дево... „Кога поминаа 2 години? Мене ми се како 20 години и 2 минути во исто време. Мног...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg