Стефан Спирковски конечно дома, по несреќата со АТВ на Караџица: „Малку се задишувам затоа што ребрата ме болат“
- Детали
- вторник, 15 ноември 2022
Стефан Спирковски објави и фотографија како изгледа неговиот телефон кој го носел кога му се случила несреќата. Но, вели дека токму тој го спасил од уште една скршеница плус. „Еве ме дома конечно...“, почнува неговата објава, по напуштањето на болницата.
Моделот и фитнес инфлуенсер Стефан Спирковски, кој по несреќата се огласи директно од болница, откако падна во провалија на Караџица возејќи квадрицикл со пријателка, конечно е пуштен дома.
Тој е пресреќен што конечно е во својот простор и веднаш се почести со шолја кафе и десерт, како и оброк направен со здравата лева рака, иако вели дека не може да се пожали и дека и во болницата медицинскиот персонал одлично го чувал.
Стефан сними видео на Инстаграм Стори во кое се обраќа до сите свои следбеници:
„Eве ме дома конечно, овој простор, оваа енергија тука - нема цена. Малку се задишав додека зборувам затоа што ребрата ме болат. Имам и една лонгета на раката.
Сакам да ви се заблагодарам на сите што ми напишавте пораки, а не можев да ви вратам затоа што на левата рака ми ставаа инфузија, а десната уште не ми е во функција. Ја чувствував вашата енергија.
Сакам да му се заблагодарам и на цел медицински персонал кој се грижеше за мене и навистина е претешко да се работи тоа што го работат тие. Мојава повреда е ништо за тоа какви случаи имаше во болницата.
Сега ќе си направам едно кафе дома, уште не сум се ни избањал, немам топла вода дома, цела седмица се немам избањато.
Но, мора да порачам не ја трошете енергијата на непотребни работи и луѓе, гледајте што е животот.
Вторникот направив супер фотографии и видеа и после тоа се случи несреќата и сфатив дека во животот не можете ништо да планирате.
Сега оди поговорката „Ти со камен, јас со леб“, секогаш враќајте со добро и не се разочарувајте од луѓето, концентрирајте се на пријателите, јас сум среќен што ги имам многу.“
Потоа на Инстаграм Стори Стефан сними и видео како изгледа неговиот телефон кој го носел кога му се случила несреќата.
Но, вели дека е среќен што телефонот во тој миг бил на тоа место затоа што го има спасено од една скршеница плус.
Потсетување на претходното видео на Стефан од болница:
С. С. | Црнобело