По повод 70-годишнината од своето постоење, Стопанска банка пред два месеци започна голема хуманитарна акција под мотото „Подари насмевкаˮ, во која секој може да учествува со едноставно донирање на својата насмевка, а колку повеќе насмевки се соберат, толку повеќе средства Банката ќе донира за медицинска опрема за детските здравствени установи низ земјава.