Зорица Црношија: Работи без кои не можам на одмор
- Детали
- петок, 11 јули 2014
Секој одмор е малку оддишка од сé она што го правам во остатокот од годината. Без разлика на обврските што ги имам и во тој амбиент, сепак се одморам со тоа што правам нешто сосема друго, во друга дневна динамика, друг воздух, поинакво опкружување, средби со старите пријатели и роднини и најубавото - непречена дружба со децата по цели денови.
Сепак мојот одмор е незамислив без неколку работи.
Музика
Кога одам на популарна, масовно посетена плажа, изборот на музика секако не е мој.
Но кога сум на потивко, изолирано место, далеку од угостителски објекти, мојот смартфон или МП4-ка се вистинскиот избор за убаво расположение. Музиката креира амбиент, додава боја на деновите, ме маѓепсува и ме подигнува, па носам музика што ми годи и ги зачинува моментите со уживање, нешто како спа-третман за мојот дух.
Вода
Сакам смути и цедени сокови, портокал, лимон или лајм со многу кршен лед, но бидејќи не сум поборник на „пиење калории“, највеќе од сé сакам вода. Како движечка сила на целата природа, й верувам на водата, верувам во нејзината исцелителна и прочистувачка моќ. Не се потпирам на суплементи, додатоци во исхраната и други „подобрајзери“ на виталноста, затоа водата е еден од главните артикли во мојата домашна аптека.
Балсам за усни
На патување, на плажа или со какви било временски промени, моите усни највеќе реагираат. Откровение за моите проблеми е балсамот за усни на Еуцерин. Сочен и мек, одлично навлажнува, а не содржи мириси и ароми. Останува компактен и не се топи или растечува на високи температури. И најважно, безбеден е и за моите деца. Едноставно го обожавам.
Торба
Никаде не одам без ташни или торби, а во нив пола куќа. Сакам и големи плетени торби за плажа, но највеќе сакам проѕирни пластични торби, во кои се што имам лесно го наоѓам, како очила, крпи, клучеви, играчки, капи, книги, овошје, термоси, креми, ластичиња, шноли, ужинки...
Голема торба - рај за моите и потребите на моето семејство...
Крема со висок заштитена фактор
Неверојатно е дека и покрај интензивните препораки за заштита од сонце, многумина одново се одлучуваат за агресивно сончање, наспроти потенцијалната опасност по нивното здравје. Кожата памти се и не верувам дека во оваа деценија вреди фразата „сигурно сончање“. И без разлика што цел ден седам под природна или вештачка сенка, Еуцерин кремата за заштита од сонце со СПФ 50, ја превенира и мојата масивна алергија на сонце. Ако на нешто се потпирам во однос на алергијата, со два спектрума за УВА и УВБ, лесно се апсорбира и не остава траги на костимот за капење - тоа е само Еуцерин.