Хуманитерен натпревар за одбележување на големиот јубилеј 90 години од формирањето на ФК „Осогово“ од Кочани
- Детали
- петок, 25 јули 2014
Фудбалската федерација на Македонија на 27. јули ќе биде дел од одбележувањето на големиот јубилеј - 90.години од формирањето на ФК „Осогово“ од Кочани.
Во рамки на одбележувањето на јубилејот ќе се одигра ревијален натпревар меѓу поранешните великани на ФК „Осогово“ и поранешни македонски репрезентативци меѓу кои Илија Најдоски, Тони Мицевски, Саша Ќириќ, Ѓорѓи Христов, Горан Ставрески, Џипунов, Станојковиќ, Савов, Јовановски и други. Натпреварот и присуството на нашите фудбалски великани ќе има хуманитарен карактер.
Целта на ФФМ е заеднички со градот Кочани и поранешните репрезентативци да се соберат дел од потребните средства за операција на Даниел Митков, поранешен фудбалер на ФК Осогово кој има тешки последици од сообраќајна незгода и итно мора да замине на операција во Кина.
Даниел Митков е роден на 15. октомври1985. година во Кочани. Даниел е голем вљубеник во фудбалот и страствен навивач на Осогово. Беше дел од сите младински категории на фудбалскиот клуб Осогово, а потоа член и на првиот тим на Осогово.
Даниел настрада во сообраќајна несреќа во која се здоби со тешки повреди на р’бетниот столб и остана парализиран во долниот дел од телото. По неопходниот медицински третман во Македонија е потребен третман со матични клетки и рехабилитација за подобрување на неговата состојба во Република Кина.
Хируршкиот зафат и рехабилитацијата се закажани во WU Medical Centar во Пекинг за кои се неопходни средства во висина од 25.000 евра.
Бидете хумани, подадете рака и донирајте за Даниел Митков повторно да ја почуствува радоста на животот.
Би можело да ве интересира:





