Даниел Кајмакоски откри дека сопругата е бремена - По два сина ќе добие ќерка
- Детали
- петок, 05 јули 2024
Даниел, кој има син со сопругата Марина и син од првиот брак со Кристина Димитри, потврди дека чека трето дете.
Даниел Кајмакоски и неговата сопруга Марина го чекаат своето второ дете. По синот Стефан, кој се роди на почетокот на 2023 година, тие сега ќе добијат ќерка.
Ова ќе биде трето дете на Даниел, кој од првиот брак со Кристина Димитри, го има синот Давид.
Дека е Марина бремена, парот навести неодамна, кога направија мала свадбена прослава во Белград.
Тогаш на свадбената торта, освен фигура на момченце и црно куче (асоцијација на нивното милениче), имаше и розова бебешка количка.
Пејачот сега ја потврди веста, со последната објава на Инстаграм, каде што сподели фотографии од Вевчани.
На една од нив, Даниел ѝ го гали трудничкото стомаче на сопругата, а меѓу таговите стои и „девојче е“ (Ii’s a girl).
По ова, многу пријатели и фанови на Кајмакоски почнаа да им честитаат за приновата.
Инаку, пејачот е во Македонија со сопругата и синот, во посета на семејството на Даниел.
Тие беа во Охрид, а потоа и во Струга, од каде што Кајмакоски сподели и фотографија со родителите.
Повеќе фотографии од посетата на Вевчани:
Прочитајте и Даниел Кајмакоски ужива во Струга - семеен ручек со родителите, на чорба со Наум Петрески
А. Ј. | Црнобело