Даниел Кајмакоски ужива во Струга - семеен ручек со родителите, на чорба со Наум Петрески
- Детали
- четврток, 04 јули 2024
„Ти благодариме Господе што нè благослови да бидеме заедно на овој прекрасен ден“, напиша Даниел на Инстаграм на фотката на која е со мајка му Ружа и татко му Павле, но и со сопругата и синот.
Даниел Кајмакоски, кој по подолго време дојде во посета на родниот крај, пред неколку дена објави фотки дека со сопругата и синот е на прошетка во Охрид, а сега сподели фотографии од времето поминато во Струга.
Пејачот беше на семеен ручек со родителите, мајка му Ружа и татко му Павле, а со нив беа и сопругата и синот на Даниел.
„Ти благодариме Господе што нè благослови да бидеме заедно на овој прекрасен ден“, напиша Даниел на Инстаграм.
Фотографијата предизвика големо внимание кај следбениците на Даниел, особено кај оние кои го познаваат неговото семејство.
„Поздрав до нашите Кајмаковци, најубаво да си поминете“, „Да сте ми вечно среќни Кајмаковци“, напишаа во коментарите, но го прашаа Даниел и кога ќе настапи во Струга.
Освен со родителите, Даниел во Струга се сретна и со Наум Петрески, кому вчера (03.07) му беше именден.
Тој сподели фотка на Инстаграм Стори со популарниот пејач, а кој е исто како и Даниел, по потекло од струшкиот крај.
„На чорба со чичко Наум. Честит празник и честито име“, напиша Даниел.
Кајмакоски, кој не е многу активен на социјалните мрежи, претходно откри дека со сопругата Марина и синот Стефан бил на прошетка во Охрид и дека уживале во убавините на нашиот бисер.
Прочитајте и Даниел Кајмакоски со сопругата и синот во Охрид, две години откако оттаму откри дека е во врска со Марина
А. Ј. | Црнобело