Даниел Кајмакоски на Златибор со сопругата и децата: „Овие две дами ми го украдоа срцето“
- Детали
- среда, 05 февруари 2025
Откако Даниел сподели нови семејни фотки, следбениците на Инстаграм му напишаа дека синот е „убав на мајка му“, а дека „ќерката ги има очите на татко ѝ“.
Семејството е секогаш на прво место за пејачот Даниел Кајмакоски и покрај напорната работа во кабарето „Лафајет“ во Белград и бројните обврски.
Тој во моментов е на зимување на Златибор со сопругата Марина и двете дете деца - синот Стефан и ќерката Емилија.
Семејството Кајмакоски ужива во времето поминато заедно, на чист воздух и во прошетките на планинското сонце.
А оттаму, Даниел сподели неколку семејни фотографии.
На едните, пејачот е со својот син Стефан кој наскоро ќе полни 2 години и е веќе пораснато момче.
Пејачот објави и две фотографии со ќерката, која се роди на 9 ноември 2024 и наскоро ќе прави 3 месеци.
„Овие две дами ми го украдоа срцето“ - пишува Кајмакоски на Инстаграм.
Пријателите, пак, на Инстаграм коментираат дека синот е „убав на мајка му“, а дека „ќерката ги има очите на татко ѝ“.
Погледнете повеќе фотографии:
А. Ј. | Црнобело