Вклучи се во големата хуманитарна акција „ПОДАРИ НАСМЕВКАˮ и заедно да соберeме еден милион насмевки!

Неодамна, Стопанска банка ја започна хуманитарната акција „Подари насмевкаˮ во мисија да се соберат еден милион насмевки, и да се реализира донација во детските здравствени центри низ Македонија.

vkluci-se-vo-golemata-humanitarna-akcija-podari-nasmevka-i-zaedno-da-sobereme-eden-milion-nasmevki-01.jpg

Како што кажува името на акцијата „ПОДАРИ НАСМЕВКА“ во неа може да се вклучи секој хуман граѓанин кој има желба да помогне и тоа со едноставно подарување на својата насмевка,. Бројот на насмевки кои едно лице може да ги подари е неограничен, а колку повеќе насмевки се соберат, толку повеќе средства Стопанска банка ќе донира.

Учеството во хуманитарната акција е многу едноставно и достапно на повеќе начини. Можете да ја посетите Facebook фан страницата на Стопанска банка, да ги следите упатствата, и да креирате или да прикачите своја постојна фотографија како се насмевнувате.

Насмевка можете да дарувате и на веб банерите поставени на најпосетуваните интернет страници, следејќи ги упатствата на екранот, или пак на фото-тотемите поставени во филијалите на Стопанска банка. Треба само да ги следите упатствата испишани на екранот и едноставно насмевнете се со вашата најубава насмевка.

vkluci-se-vo-golemata-humanitarna-akcija-podari-nasmevka-i-zaedno-da-sobereme-eden-milion-nasmevki-02.jpg

Насмевнете се и на концертите, забавите и театарските претстави низ градовите во Македонија, организирани по повод јубилејот 70 години Стопанска банка, каде ги поставуваме фото-тотемите и каде што се присутни нашите мобилни фото патроли.

Крајната цел на хуманитарната акција „Еден милион насмевкиˮ која очекуваме да биде масовно поддржана, е да се соберат 1.000.000 насмевки со што ќе се обезбеди значајна донација на медицинска опрема за детските здравствени установи низ земјава.

„Насмевката е универзален јазик на добрината, подари ја!“

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg