Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Аутомотив Груп обезбеди инфузиони пумпи за Клиниката за детски болести

Вчера вечер во прекрасната атмосфера во тенискиот клуб АБЦ беше и официјалното затворање на хуманитарниот  тениски турнир NISSAN Open 2014 и прогласувањето на најдобрите во сите категории.

automotiv-grup-obezbedi-infuzioni-pumpi-za-klinikata-za-detski-bolesti-01.jpg

Изминативе десет дена во преден план беше ставена хуманоста, а резултатите од одиграните натпревари беа поттик повеќе за сите натпреварувачи. Посетеноста и навивањето не изостануваа , напротив оваа година турнирот беше најпосетен со над 120 учесници.

Средствата од котизациите на хуманитарниот  тениски турнир се наменети за обезбедување на инфузиони пумпи за дечињата од одделот на хемато онкологија за клиниката за детски болести Скопје. Претходно во форма на чек од 125.000 денари беа врачени од страна на на г. Кирил Калеников - генерален менаџер на Аутомотив Груп, екслузивен застапник на возилата RENAULT, NISSAN и DACIA на проф.д-р Софијанка Гламочанин – шеф на хемато онколошкиот оддел.

Тенискиот турнир ќе продолжи да се организира од тимот на NISSAN и во иднина, со што ќе се потрудиме и понатаму преку  хумани гестови да влијаеме врз развивањето на чуството за вистинските вредности во заедницата.

Би можело да ве интересира:

Андреј и Панчо среде улица пеат со група пензионерки: „Нè сретнаа во населбата Илинден, да се има ба... „Денес, снимајќи видео за ДНК, случајно се сретнавме со група пензионерки кои нè...
Каде е и што прави денес момчето што ја отпеа песната „Наташа од трето три“ – Леонид Ристев? Леонид признава дека никогаш немал намера да се занимава музика, иако во 1992-ра...
Детскиот хирург д-р Симеонов си го зема бебето и сопругата од болница - синот Миха е дома Пет дена по раѓањето на синот Миха, познатиот детски хирург д-р Симеонов, со нас...
„Кога јас го носам детето на детски роденден, маж ми гледа ТВ, кога тој го носи - јас чистам, раскре... Мајка од САД вели: „Зошто мажите имаат време и за одмор и за хоби, додека жените...
Напуштено куче си најде топол дом и уште 4 убави вести што нè израдуваа оваа недела Од „Лајка“ открија дека девојка вдомила едно од нивните кучиња, а учениците од г...
Ребека за родителите на деца со ретка болест: „Дијагнозата на твоето дете те менува како личност“ „Не дозволувај дијагнозата на твоето дете да те предодреди тебе како личност. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg