Во Македонија стартува BuzzBase - прв сервис кој ви нуди заработка од активноста на социјалните мрежи

На македонскиот пазар премиерно започна со работа нов сервис за промоција на дигитални содржини кој им овозможува на активните корисници на социјалните медиуми да заработат од својата влијателност.

vo-makedonija-startuva-buzzbase-prv-servis-koj-vi-nudi-zarabotka-od-aktivnosta-na-socijalnite-mrezi-02.jpg

BuzzBase е првата светска платформа за дистрибуција на содржина која во фокус го става споделувањето на виралните содржини на социјалните медиуми.

„Во светот со години постојат сервиси за дистрибуција на содржина, но ова е првиот кој им дава шанса на оние кои се влијателни на Facebook и Twitter да го валоризираат тоа. Нашата стратегија започнува од Македонија, пазар кој најдобро го знаеме, но плановите се далеку поголеми. BuzzBase веќе доби позитивен прием на неколку светски конференции и натпревари за стартапи“ - изјави Дарко Булдиоски, еден од креаторите на сервисот.

vo-makedonija-startuva-buzzbase-prv-servis-koj-vi-nudi-zarabotka-od-aktivnosta-na-socijalnite-mrezi-01.jpg

BuzzBase на брендовите им овозможува полесно достигнување до голема публика на многу ефективен и брз начин, а притоа на своите корисници им дава комплетна контрола над објавите. На тој начин ја задржува оригиналноста на изразот кај секој автор.

Светските истражувања потврдуваат дека препораките од пријатели и роднини се најмоќната маркетинг алатка. Глобалните пракси велат дека 81% од потрошувачите се под влијание на објавите на своите пријатели на социјалните медиуми, а 43% од потрошувачите би купиле производ кога за него би дознале преку социјалните медиуми.

Затоа, Buzzbase е креиран да одговори на овие промени во дигиталната економија. Сервисот е од корист и за корисниците и за самите огласувачи.

vo-makedonija-startuva-buzzbase-prv-servis-koj-vi-nudi-zarabotka-od-aktivnosta-na-socijalnite-mrezi-03.jpg

Buzzbase ги мери кликовите на споделените содржини, лајковите, дискусиите, споделувањата и секоја опција која е возможна на социјалните мрежи, па според тоа се утврдува успешноста на објавата.

„Сега за сега следиме кликови, лајкови, коментари, споделувања, ретвити, фејворитс... а сервисот овозможува и таргетирање по демографски карактеристики, интерес, влијание и популарност и секако перформанси во претходни кампањи“ појаснува Катерина Стојановска, лидер на техничкиот тим кој стои зад сервисот.

Доколку сакате да започнете со новото, забавно искуство побарајте активациски код на Twitter или пријавете се на buzzbase.mk/#i-wanna-buzz.

Зa сите дополнителни информации посете ја Фејсбук страната на Buzzbase.

BuzzBase.mk е креиран како партнерски проект од страна на две искусни агенции за дигитален маркетинг - наградуваната агенција Њу Медиа Маркетинг и единствената Facebook Preferred Marketing developer компанија на Балканот, ИМ.мк.

Би можело да ве интересира:

Кристина Димитри со порака до бившите на нејзиниот дечко: „Јас сум жената за која го промени животот... „Да, јас сум единствената жена во која се заљубил во неговиот живот. Има ра...
Зошто играчката „Златен Хари Потер“ ја продаваат по 700 евра – Вистина или уште една масовна интерне... „Златен Хари Потер со код – цена 700 евра!“ Вака отприлика гласат голем број огл...
Викендов почнува летното сметање на времето + како влијае промената на луѓето? Овој викенд, помеѓу 30 и 31 март започнува летното сметање на времето, што значи...
Нова креативна фотосесија на мајката на штипската четворка – Позираат со рачно изработени декорации ... Бебињата од штипската четворка, денес полнат 10 месеци, а нивната мајка Благица ...
Тамара Тодевска женствена со долга коса, краток црн фустан и шминка со дијамантски сјај (фото) Тамара Тодевска додаде екстензии на косата, облече кратко фустанче и го смени св...
Татјана Стојановска и сопругот Михаил на одмор во Дубровник (фото) Прошетки покрај море и низ шармантните улички на градот, вечера со морски специј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg