Нова креативна фотосесија на мајката на штипската четворка – Позираат со рачно изработени декорации со сладоледи
- Детали
- четврток, 22 август 2024
Бебињата од штипската четворка, денес полнат 10 месеци, а нивната мајка Благица Митева Зикова, по тој повод одлучи денот да го одбележи со фотосесија, како што тоа го прават голем број мајки на социјалните мрежи.
Се гледа дека Благица имала полни раце работа, затоа што секое од 4-те бебиња го фотографирала со бројот 10 направен од сладоледи и рачно изработена декорација во форма на сладолед, а фотките ги објави на нејзиниот Фејсбук профил.
Инаку, Ведран, Михаил, Леонтина и Теодор се родија во октомври 2023-та година, а во периодот кога бебињата имаа 7 месеци, нивната мајка Благица, даде интервју за CRNOBELO.com каде рече дека во тој период веќе успеала да создаде ред и навики.
„Сите во исто време пијат млеко или јадат кашичка, а за капење се чека ред, еден по еден. И за заспивање си ги научив сами да си заспиваат без да ги нишкаме.
Си облекуваме пижами, менуваме пелена и сите во 21:00 часот се во креветчињата, си заспиваат со своите мечиња“ – рече таа во интервјуто.
Целото интервју со Благица, можете да го проследите ТУКА.
Во продолжение погледнете ги фотките од последната фотосесија на штипската четворка, по повод 10 месеци од раѓањето:
Б. С. Б. | Црнобело