Штипската четворка наполни 1 година, мајката Благица со емотивна објава: „Не мислев дека толку брзо ќе пораснете“
- Детали
- вторник, 22 октомври 2024
„Вие сте нашиот дар од Бога. Мама и тато ќе направат сè за да ја добиете најголемата љубов во вашето детство. Растете ми, растете мали мои дечиња“, напиша мајката на штипската четворка Благица Митева Зикова.
Ведран, Михаил, Леонтина и Теодор, кои во јавноста веќе една година се познати како „штипската четворка“, денес го слават својот прв роденден.
Трите братчиња и сестричката пораснаа, а нивната мајка Благица Митева Зикова, роденденот им го честита со емотивна порака на Фејсбук.
„Додека ве носев така малечки во моите раце, додека спиевте на моите гради го чувствував вашиот бебешки мирис, не ни помислував колку брзо ќе пораснете и, еве, денес полните една годинка.
Една година исполнета со бебешки звуци, со многу галење и гушкање со мамичка и татичко.
Вие сте нашиот дар од Бога, имајте среќно и благословено безгрижно детство.
Мама и тато ќе направат сè за да ја добиете најголемата љубов во вашето детство.
Растете ми, растете мали мои дечиња. Нека ви е среќен првиот роденден“, напиша таа.
Како и претходните месеци, така и за роденденот, Благица направи фотосесија со своите дечиња.
Овој пат таа беше со роденденска торта на која е мечето Вини Пу, а во истиот стил се и роденденските украси за бебињата.
Погледнете ги фотографиите од роденденот на Ведран, Михаил, Леонтина и Теодор:
🍀Dodeka ve nosev taka malecki vo moite race,dodeka spievte na moite gradi go custvuvav vasiot bebeski miris,ne ni...
Posted by Благица Митева Зикова on Monday, October 21, 2024
А. Ј. | Црнобело