Благица Павловска блеска по повод нејзиниот 66-ти роденден - за неа годините се само бројка
- Детали
- петок, 06 декември 2024
Благица Павловска ја отпеа „Не можам да те заборавам“ и уште низа фолк хитови, на нашата сцена е многу децении, а на 66-иот роденден (на 4-ти декември) изгледа подобро од кога било.
Нашата фолк легенда Благица Павловска на 4-ти декември го прослави својот 66-ти роденден, а по тој повод својот изглед му го довери на стилистот Владимир Трајковски.
Со руси локни и впечатлива шминка со розов кармин, таа едноставно блеска.
За неа очигледно годините се само бројка и тоа не само судејќи според изгледот, туку и според истата позитивна енергија која ја носи години наназад, а која се чувствува дури и по начинот на кој позира на фотографиите.
Пред извесен период Благица на својот Фејсбук профил сподели фотографија од неа на насловна страница на енигматскиот забавник „Котелец“, во далечната 1987 година.
Повеќе постари фотографии од неа:
Потсетете се на еден од нејзините хитови „Не можам да те заборавам“:
С. С. | Црнобело / фото: Фејсбук