Разговор со Ирена Петкова - Сакајте се и прифатете се себеси надвор од сите стереотипи или притисоци на околината

Ирена Петкова, девојката со тен од стакло, во која долги години беа вљубени телевизиските камери. Но таа е вљубена во Марин и нивниот син Дарјан, во семејството, пријателите, одбојката...

razgovor-so-irena-petkova-sakajte-se-i-prifatete-se-sebesi-nadvor-od-site-stereotipi-ili-pritisoci-na-okolinata-01.jpg

Скромна, непосредна, ведра и лесна за дружба. Со уживање раскажува за своите патувања, за синот, за доживувањата со пријателките. Поседува инстиративен, еклектичен стил и е убава само така, како „добро утро“.

Разговараме околу нејзините навики за нега, козметичките препарати кои за неа се „есенцијални потреби“, совети за стил, митови за убавината, како и филозофијата на нејзината чанта...

КОЈА Е ФИЛОЗОФИЈАТА НА ТВОЈАТА ЧАНТА:

Ирена: Вообичаено носам една чанта цел ден. Навечер се обидувам да носам нешто помало, како чантичка, плик ташна или мала „кросовер“  ташна за преку рамо. Најчесто тоа е некоја љубовна врска наречена „чанта-чевли“, но некогаш знам да искомбинирам одлична ташна со патики или ниски сандали на пример.

ПАТУВАЊA:

Ирена: Ако патувам со семејството, тогаш носам големи торби и куфери во кои се собираат сите важни потреби за патувањето или престојот. На патување, најчесто облекувам удобна облека, која можам лесно да ја соблекувам или облекувам по потреба... На патување сакам да се чувствувам свежо и затоа носам мини пакувања на моите омилени декоративни производи и препаративните производите на Еуцерин како балзам за усни, крема за раце и мојата омилена дневна крема со хијалуронски филери.

razgovor-so-irena-petkova-sakajte-se-i-prifatete-se-sebesi-nadvor-od-site-stereotipi-ili-pritisoci-na-okolinata-03.jpg

МИТОВИ ЗА УБАВИНАТА:

Ирена: Постојат многу митови за убавината, мноту точни и неточни дефиниции, претпоставки и гледишта, но за мене убавината нема дефиниција. Сепак, кога ќе сретнам нечија полетна, позитивна, насмеана, енергична и светла душа, со жив и витален карактер и навистина ретка суштина, нешто необјасниво што те инспирира и восхитува, ете тоа за мене е убавина.

ЗАБАВА:

Ирена: Да живееме дозволувајќи си ја привилегијата да уживаме во сопствената реалност за мене е најдобрата забава на светот.

СТИЛ И КОМБИНАЦИИ:

Ирена: Стилот е она што сте, што претставувате, она што сакате да го кажете, притоа да не ви биде гајле кој што има да реплицира. А комбинациите само произлегуваат од таа внатрешна потреба „нешто да прокоментирате“...  

„ЕСЕНЦИЈАЛНИ ПОТРЕБИ“ ЗА ОВА ЛЕТО:

Ирена: Ова лето моја голема потреба е монохраматската облека, бели фармерки со бела, лесна маичка и некои убави високи или ниски сандали. Впечатлив накит е неизбежен и подготвена сум за лежерно попладне со мирис на медитеран.

НЕГА:

Ирена: Сакам да се негувам и да посветувам време на себе. Обожавам чист тен, негувани дланки, хидрирана кожа, уредна коса... Еуцерин е мојот прв избор бидејќи го разбира јазикот на мојата кожа и е дел од мојата секојдневна рутина за нега на лицето, рацете и телото.

СОВЕТИ:

Ирена: Сакајте се и прифатете се себеси надвор од сите стереотипи или притисоци на околината. Секој е уникатен камен, но светот не е секогаш спремен за таков блесок.

razgovor-so-irena-petkova-sakajte-se-i-prifatete-se-sebesi-nadvor-od-site-stereotipi-ili-pritisoci-na-okolinata-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Ледената Бетика го запозна својот идол, Вим Хоф: „Ми кажа дека заедно ќе го промениме светот“ „Кога му соопштив дека мојата повредена нога е комплетно излечена, врескаше на ц...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Миа Костова славеше Св. Никола - Тамара пееше за мерак на гостите, Тијана највесела од сите „Заради сите вас на масава, јас сум тоа што сум денес. Вие сте мојата сила засек...
Слаткар отворено за говорната маана: „На 2 години бев оставен сам во болница – кога ме зеле сум почн... „Едноствено уште како дете сум стравувал дека нема да можам да го кажам тоа што ...
Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...
Миа Костова со брутално видео за убавината: „Не се печете во солариум и не носете вештачки трепки - ... „Сум носела надградба на коса, ама сега страшно ми изгледа. Ај што некој им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg