Во минатото во чаршијата имало цела улица на јорганџии, а и повеќе од осумстотини дуќани, сега само еден – господин Али Халили (65). „Дуќанот моето семејство го има повеќе од 80 години. Го отворил дедо ми, па го наследил татко ми и сега јас сум трета генерација, . Но, за жал традицијата ќе се прекине затоа што нема кој да ме наследи...“, раскажува чичко Али за CRNOBELO.com.