Претседателот и првата дама на Македонија модно усогласени - Елизабета Ѓоргиевска со беспрекорен стајлинг (фото)
- Детали
- петок, 19 ноември 2021
Првата дама на Македонија е позната по беспрекорниот моден стил, а и во оваа официјална пригода за дочекот на полскиот претседател се појави во совршена креација.
На Фејсбук профил на нашиот претседател Стево Пендаровски осамнаа фотографии од дочекот на полскиот претседател Анджеј Дуда, кој моментално е во официјална посета на Македонија со неговата сопруга Агата.
Претседателот Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска за оваа пригода беа модно усогласени, односно краватата на претседателот беше во иста боја како креацијата на нашата прва дама.
Церемонијата беше со највисоки државни и воени почести.
Фотографии од настанот:
Добредојде за полскиот претседател Andrzej Duda. Церемонија со највисоки државни и воени почести по повод неговата...
Posted by Stevo Pendarovski on Friday, November 19, 2021
С. С. | Црнобело