„Скриениот скапоцен камен на Европа“: Според британскиот „Mirror“, Македонија е топ дестинација за 2024-та

„Кога е во прашање туристичката посета на Европа, лесно можете да паднете во секојдневната стапица и да изберете некој од најпознатите градови на континентот. Но, ако барате дестинација која не е толку многу истражена и каде што сè уште не е преплавено со туристите од цел свет, тогаш вашиот избор треба да е Македонија“, пишува во колумна на британски медиум според која Македонија е најдобрата дестинација за 2024-та.

makedonija-e-skrieniot-skapocen-kamen-na-evropa-spored-britanski-mirror-zemjava-e-top-destinacija-za-2024-ta-01_1.jpg

Лизи Томпсон, заменик уредник за лајфстајл во реномираниот британски весник Mirror, ја нарече Македонија „Скриениот скапоцен камен на Европа“.

Во онлајн изданието на магазинот, таа пишува дека мора да се посети Македонија, која е топ дестинација за 2024-та година.

makedonija-e-skrieniot-skapocen-kamen-na-evropa-spored-britanski-mirror-zemjava-e-top-destinacija-za-2024-ta-07.jpg

Таа има пофалби за Охрид, но овој пат во фокусот на нејзината статија е Скопје како место што мора да се истражи, а нуди одлична забава по пристапни цени.

Што пишува во нејзината статија?

makedonija-e-skrieniot-skapocen-kamen-na-evropa-spored-britanski-mirror-zemjava-e-top-destinacija-za-2024-ta-02.jpg

„Кога е во прашање туристичката посета на Европа, лесно можете да паднете во секојдневната стапица и да изберете некој од најпознатите градови на континентот.

Но, ако барате дестинација која не е толку многу истражена и каде што сè уште не е преплавено со туристите од цел свет, тогаш вашиот избор треба да е Македонија, земја во источниот дел на Европа.

Оваа земја, која се наоѓа меѓу Србија, Грција, Албанија, Бугарија и Косово, е вистински скапоцен камен. Во 2019-та година земјата ја посетиле само 750.000 странски туристи, но нивниот број расте од година во година.

makedonija-e-skrieniot-skapocen-kamen-na-evropa-spored-britanski-mirror-zemjava-e-top-destinacija-za-2024-ta-05.jpg

Но, неоткриениот шарм на земјата не е единствената работа што го заробува срцето на туристите. Напротив, тука се и пејзажите кои ги импресионираат посетителите.

Неодамна, на TripAdvisor извесен @jordanellie41, го опиша езерото Матка како 'најдоброто од природата'. Навистина огромна пофалба.

Но, јасно е дека Македонија станува трендинг и топ дестинација за 2024 година“.

makedonija-e-skrieniot-skapocen-kamen-na-evropa-spored-britanski-mirror-zemjava-e-top-destinacija-za-2024-ta-08.jpg

Лизи пишува и дека побарала мислење од британски експерти за патување, кои го велат истото.

Според нејзината соговорничка, се зголемува бројот на резервации за патување во Македонија, а Скопје е на листата топ 10 трендинг дестинации.

makedonija-e-skrieniot-skapocen-kamen-na-evropa-spored-britanski-mirror-zemjava-e-top-destinacija-za-2024-ta-01.jpg

„Во последниве 12 месеци постои зголемен тренд за патување во Македонија, а порастот на купените карти за авионски летови од Лондон до Скопје е за околу 10%.

Источна Европа е прекрасна, па не чуди што постои зголемен интерес за овие неистражени земји“.

makedonija-e-skrieniot-skapocen-kamen-na-evropa-spored-britanski-mirror-zemjava-e-top-destinacija-za-2024-ta-03.jpg

Иако некои го опишуваат Скопје со зборовите „кич, претерано, лоша бруталистичка архитектура во комбинација со класичен стил и град со една од најголемите стари чаршии во светот“, градот малку потсетува на Лас Вегас, а малку на Истанбул.

„Иако е еден од најапсурдните градови во Европа, и покрај многуте мани, главниот град на Македонија е полн со изненадувања.

Плус, цените се многу пристапни и нема толку многу туристи.

Па, ако сакате да посетите забавно место без многу турканици, и тоа да ве чини околу 50 евра за повратен авионски билет, Скопје е вистинската дестинација за вас“, пишуваа таа.

makedonija-e-skrieniot-skapocen-kamen-na-evropa-spored-britanski-mirror-zemjava-e-top-destinacija-za-2024-ta-04.jpg

А. Ј. | Црнобело / фото: С.Н

Би можело да ве интересира:

Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Магија во Скопје - Шоу на олдтајмери со сијалички и празнични украси ги расположи посетителите од це... Автомобили украсени со сијалички, со големи машни, празнични подароци и интересн...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg