Чичко Бурхан во чаршија вари турско кафе на песок – го служи со локумче и многу љубов (фото)

„Турското кафе во моето кафуле се мели по 200/250 грама можеби 5-6 пати на ден, сакам да е секогаш тазе, плус имаме лимонада од ружа и лимонада со нане, турски чај со домашни колачи“, раскажува чичко Бурхан за своето кафуле во Старата скопска чаршија, кое го спасило кога останал без работа поради пандемијата.

chichko-burhan-vo-charshija-vari-tursko-kafe-na-pesok-go-sluzhi-so-lokumche-i-mnogu-ljubov-foto-01.jpg

Бурхан Асан (57) е нашата инспиративна приказна на денот.

Тој кога останал без работа поради пандемијата, наместо да се затвори дома и да очајува, одлучил да си го реализира својот сон и со помош на своето семејство отворил кафуле во Старата скопска чаршија каде го служи највкусното кафе варено на песок.

За CRNOBELO.com тој ја раскажува својата приказна:

„Еве една година сум сопственик на кафулето Ottoman caffe во Старата скопска чаршија.

chichko-burhan-vo-charshija-vari-tursko-kafe-na-pesok-go-sluzhi-so-lokumche-i-mnogu-ljubov-foto-05.jpg

Рабoтeв во една приватна фирма, но заради пандемијата останав без работа, па за 3 дена се одлучив да отворам нешто ново со моето семејство, со ќерка ми и сопругата.

chichko-burhan-vo-charshija-vari-tursko-kafe-na-pesok-go-sluzhi-so-lokumche-i-mnogu-ljubov-foto-06.jpg

Мојата цел беше да го вратам турскиот обичај на пиење кафе сварено на песок во Старата турска чаршија. Кафулето го имам една година. Пред тоа овој локал бил златарски дуќан. Со малку реновирање се обидов да го направам во османлиски стил.

chichko-burhan-vo-charshija-vari-tursko-kafe-na-pesok-go-sluzhi-so-lokumche-i-mnogu-ljubov-foto-07.jpg

Во моето кафуле има само посебни вкусови: кафе на песок, уникатни лимонади како што е лимонада од ружа и лимонада со нане, турски чај со домашни колачи, десерти, салеп и оралети со посебни вкусови.

chichko-burhan-vo-charshija-vari-tursko-kafe-na-pesok-go-sluzhi-so-lokumche-i-mnogu-ljubov-foto-02.jpg

Лимонадите, десерти и колачите ги прави сопруга ми и сите се домашни. Турското кафе во моето кафуле се мели по 200/250 грама можеби 5-6 пати на ден. Секој ден се мели тазе кафе затоа што имам свој апарат за мелење кафе и сакам да е свежо.

chichko-burhan-vo-charshija-vari-tursko-kafe-na-pesok-go-sluzhi-so-lokumche-i-mnogu-ljubov-foto-04.jpg

Кога ќе кажам дека кај нас има турско кафе на песок значи кафето се вари на песок, односно самиот песок го вари кафето.

chichko-burhan-vo-charshija-vari-tursko-kafe-na-pesok-go-sluzhi-so-lokumche-i-mnogu-ljubov-foto-03.jpg

Зошто ова кафе има посебен вкус? Бидејќи не се вари брзо, туку пополека. Инаку, песокот е многу жежок и варејќи се пополека го добива тој вкус. Се сервира со локум и кисела вода.

chichko-burhan-vo-charshija-vari-tursko-kafe-na-pesok-go-sluzhi-so-lokumche-i-mnogu-ljubov-foto-09.jpg

Иако беше тешко моето кафуле да се отвори за време на периодот на пандемијата, сепак не беше толку тешко како што очекував. Ме направи многу горд што им се допадна на луѓето и што продолжува да им се допаѓа. Кој дошол еднаш, доаѓа повторно кај нас.

chichko-burhan-vo-charshija-vari-tursko-kafe-na-pesok-go-sluzhi-so-lokumche-i-mnogu-ljubov-foto-08.jpg

Реклами има секој ден од уста на уста без јас да сум свесен и тоа ме прави горд - значи дека успеав да направам нешто уникатно и за мене тоа е потпис на успехот.“

Повеќе фотографии од кафулето на чичко Бурхан:

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Вирален статус на Македонка против сите што шират предрасуди: „Вработена, а бара помош – како не ѝ е... „Не смее да пие кафе, не смее да има другарки, од каде пари за кафе, уште малку ...
Кристина Димитри го остави дечкото чиј идентитет го криеше: „Со песна ќе ја затвориме оваа голема љу... „Бидејќи ве информирав за мојата љубов, сега добивам милион пораки за истата. Вр...
Денес е Вера, Надеж и Љубов – Што треба да направат сите што имаат ќерки? Ако имате ќерка денес треба да ѝ покажете колку ја сакате. Се слави празникот „В...
Сања Ристиќ не ја крие љубовта кон Перо Антиќ: „Моето срце е за медал, ги собира сите овие 211cm“ „Не знам за вашите срца, колку се големи и колку љубов можат да соберат, ама мое...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg