Највкусниот лахмаџун се продава во Старата скопска чаршија, во ретро локал со чашка ајран (фото)
- Детали
- среда, 17 ноември 2021
Сигурно и вие сте јаделе лахмаџун во локалот „Галерија 7“, во Старата скопска чаршија со чаша домашен ајран... Послужен на дрвена даска со незаборавен вкус, има посебна магија, зарем не?
Старата скопска чаршија си има некоја посебна магија... Дури и вкусовите во неа се поинтензивни. Специјалитетите таму се впечатливи и долго се помнат.
Кога ви доаѓаат пријатели од странство, сигурно би ги однеле токму таму.
Улички со калдрма, турски чај и највкусниот лахмаџун. Лахмаџун се нарекува уште и турска пица и е традиционално турско јадење со мелено месо и ситно исечкан кромид и лук, надополнето со свежа салата и чаша ајран.
Токму во старата чаршија се наоѓа локалот кој е препознатлив по највкусниот лахмаџун, а и пиде.
Инстаграм профилот Тastefull_consigliere, кој го оценува вкусот на храната низ локалите во Македонија во топ 3 „street food“ искуства во Скопје го вброи токму лахмаџунот во локалот „Галерија 7“, во Старата скопска Чаршија.
Велат дека особено е добро што го служат со домашен ајран (број 1 во градов) и со домашен сериозно лут сос, како додаток. Пофалби има и за вториот специјалитет на куќата, а тоа е пиде со суџук.
Повеќе фотки од највкусниот лахмаџун во градот:
Прочитајте и Чичко Бурхан во чаршија вари турско кафе на песок – го служи со локумче и многу љубов (фото)
С. С. | Црнобело