Русинка со импресии од Македонија: „Охрид е магичен град – фотографиите не ја доловуваат убавината“

„Додека сум овде, сè што ме измачувало претходно го губи значењето, се чини празно и безначајно“ – вели Русинката Кристина која неодамна била во посета на Македонија.

rusinka-so-impresii-od-makedonija-ohrid-e-magichen-grad-fotografiite-ne-ja-dolovuvaat-negovata-ubavina-01.jpg

Русинката Кристина која на Инстаграм објавува содржини на нејзиниот профил @fermiparadox сподели повеќе фотографии од убавините на Македонија.

Кристина е воодушевена од убавината на Охридското Езеро, од Кањонот Матка, а сподели и фотографии и видеа од скопската тврдина Кале.

„Охрид… магичен град! Немам зборови за да опишам колку е неспоредлив! И нема ниту една фотографија што во целост може да ги опфати овие прекрасни, луди пејзажи што ве оставаат без здив! Додека сум овде, сè што ме измачувало претходно го губи значењето, се чини празно и безначајно.

Само седиш, ја слушаш тишината, пеењето на птиците, звукот на ветрот, се воодушевуваш на тоа што те опкружува во моментот и чувствуваш спокојство и среќа од фактот што можеш да го видиш, да го слушнеш и воопшто да бидеш тука“ – напиша таа до фотографиите од Охридското Езеро.

Од споделените фотографии може да се види дека била во посета на кањонот Матка и на Скопје.

„Многу убав кањон со името Матка во долината на реката Треска. Единственото место што вреди да се посети во Скопје“ – вели Кристина.

View this post on Instagram

A post shared by Christina (@fermiparadox)

„Во основа Охрид е едно од најстарите населени места во Европа, за првпат се споменува дека датира од 3-иот век пред новата ера (но, тогаш бил нарекуван Лихнид), а Охридското Езеро е едно од најстарите на планетата Земја. Неговата старост според научниците е најмалку 5 милиони години! Во 1980-та година Охрид и Охридското Езеро биле вклучени во листата на УНЕСКО“ – појаснува таа.

Погледнете повеќе нејзини фотографии во продолжение:

rusinka-so-impresii-od-makedonija-ohrid-e-magichen-grad-fotografiite-ne-ja-dolovuvaat-negovata-ubavina-02.jpg

rusinka-so-impresii-od-makedonija-ohrid-e-magichen-grad-fotografiite-ne-ja-dolovuvaat-negovata-ubavina-03.jpg

rusinka-so-impresii-od-makedonija-ohrid-e-magichen-grad-fotografiite-ne-ja-dolovuvaat-negovata-ubavina-04.jpg

rusinka-so-impresii-od-makedonija-ohrid-e-magichen-grad-fotografiite-ne-ja-dolovuvaat-negovata-ubavina-05.jpg

rusinka-so-impresii-od-makedonija-ohrid-e-magichen-grad-fotografiite-ne-ja-dolovuvaat-negovata-ubavina-06.jpg

rusinka-so-impresii-od-makedonija-ohrid-e-magichen-grad-fotografiite-ne-ja-dolovuvaat-negovata-ubavina-07.jpg

rusinka-so-impresii-od-makedonija-ohrid-e-magichen-grad-fotografiite-ne-ja-dolovuvaat-negovata-ubavina-08.jpg

rusinka-so-impresii-od-makedonija-ohrid-e-magichen-grad-fotografiite-ne-ja-dolovuvaat-negovata-ubavina-09.jpg

rusinka-so-impresii-od-makedonija-ohrid-e-magichen-grad-fotografiite-ne-ja-dolovuvaat-negovata-ubavina-10.jpg

rusinka-so-impresii-od-makedonija-ohrid-e-magichen-grad-fotografiite-ne-ja-dolovuvaat-negovata-ubavina-11.jpg

rusinka-so-impresii-od-makedonija-ohrid-e-magichen-grad-fotografiite-ne-ja-dolovuvaat-negovata-ubavina-12.jpg

rusinka-so-impresii-od-makedonija-ohrid-e-magichen-grad-fotografiite-ne-ja-dolovuvaat-negovata-ubavina-13.jpg

rusinka-so-impresii-od-makedonija-ohrid-e-magichen-grad-fotografiite-ne-ja-dolovuvaat-negovata-ubavina-14.jpg

rusinka-so-impresii-od-makedonija-ohrid-e-magichen-grad-fotografiite-ne-ja-dolovuvaat-negovata-ubavina-15.jpg

rusinka-so-impresii-od-makedonija-ohrid-e-magichen-grad-fotografiite-ne-ja-dolovuvaat-negovata-ubavina-16.jpg

rusinka-so-impresii-od-makedonija-ohrid-e-magichen-grad-fotografiite-ne-ja-dolovuvaat-negovata-ubavina-17.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Кристина Димитри со порака до бившите на нејзиниот дечко: „Јас сум жената за која го промени животот... „Да, јас сум единствената жена во која се заљубил во неговиот живот. Има ра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg