Фотографиран уште еден балкански рис, овојпат во Националниот парк Маврово
- Детали
- петок, 19 ноември 2021
Неполн месец од објавата на Национален парк Галичица, и од Национален парк Маврово споделија фотографија од балкански рис.
Неколку децении, во Македонија не беа забележани овие животни, сè до втората половина на 2020 година кога еден рис беше фотографиран со фотозамки. Но, тогашните фотографии беа направени ноќе и се со полош квалитет
Новите фотографии, вклучувајќи ги и оние од Националниот парк Галичица, се многу подобри и ја доловуваат убавината на ова животно.
Прочитајте повеќе: Природна убавина: Кадар одблизу од балканскиот рис во Националниот парк Галичица (фото)
„Уште еден примерок на рис фотографиран во Националниот парк Маврово, главното упориште на балканскиот рис“, пишува во објавата.
https://www.facebook.com/mavrovo/photos/a.1783951591723764/4514860745299488/?type=3&theater
Спирова С. | Црнобело