Природна убавина: Кадар одблизу од балканскиот рис во Националниот парк Галичица (фото)
- Детали
- петок, 22 октомври 2021
Позитива на денот... Одговорните од Националниот парк Галичица се воодушевени од совршената фотка од балканскиот рис, направена со помош на фотозамки.
На Фејсбук странаа на Националниот парк Галичица споделија одлични вести - во паркот е забележано присуство на млада единка на балканскиот рис.
Со помош на фотозамките поставени во Националниот парк, биле направени неколку фотографии од балканскиот рис. Првото евидентирање на овa животно во паркот после неколку децении беше во втората половина од 2020-та година, а потоа уште неколкупати.
Сега, направена е уште поубава фотографија од балканскиот рис.
Одговорните од Националниот парк Галичица велат дека фотографијата е направена во научни цели и дека е неверојатно што испаднала речиси совршена фотка од млада единка од балкански рис.
Фотографијата прво е споделена на Фејсбук страната Balkan lynx, посветена на балканските рисови.
It is quite rare to capture the character of the animal using camera-trap placed for scientific purpose. Yet, this...
Posted by Balkan Lynx Recovery Programme on Wednesday, October 20, 2021
С. С. | Црнобело