Романтично запросување на Македонка на плажа во Египет, со натпис и многу изненадувања (фото)
- Детали
- четврток, 02 март 2023
„Не очекував дека ќе се случи токму на ова патување, со оглед на тоа дека изминатиот период имавме доста заеднички патувања. Прстенот секако бил на безбедно место за воопшто да не се посомневам во ништо, а запросувањето беше во ресторан со италијанска кујна. Покрај запросувањето, следуваа уште неколку пријатни изненадувања во наредните 2 дена“ - раскажува Ангелина (33) за CRNOBELO.com за патувањето во Египет со партнерот Јордан, кое завршило со веренички прстен.
Ангелина Јовановска (33) и Јордан Илиевски (34) се познавале подолг временски период како пријатели, а во љубовна врска се 1 година и 5 месеци.
Патувањето во Египет по повод присуство на тренинг курс за млади лидери, за нив заврши со романтично запросување од страна на Јордан.
За CRNOBELO.com Ангелина споделува како било организирано запросувањето од партнерот, но и кои биле неколкуте изненадувања за неа, кои следеле по прстенот...
„Романтичниот чин на запросување се случи во луксузниот Long Beach Resort. Воопшто не можев да забележам никакви детали околу припремата од страна на партнерот, ниту очекував дека ќе се случи токму на ова патување, со оглед на тоа дека изминатиот период имавме доста заеднички патувања на повеќе европски дестинации, како и дестинации кои ни беа ставени во план за посета во наредните неколку месеци.
Подготовката не одела баш едноставно и сето тоа било со помош на пријателите од Египет и со асистенција на надлежните во комплексот.
Прстенот секако бил на безбедно место за воопшто да не се посомневам во ништо.
Самиот чин на запросување се случи во ресторанот кој е дел од комплексот специјализиран за храна од италијанската кујна, која ни е омилена на двајцата и нè потсеќа на сите убави моменти поминати во прекрасните градови на Италија.
Покрај запросувањето, следуваа уште неколку пријатни изненадувања во наредните 2 дена. Повторно изненадување и романтична вечера во друг ресторан со посебна декорација, букети и романтична вечер.
Потоа фотосесија на прекрасни места кои го отсликуваат ултрамодерниот изглед на комплексот и убавините на Египет, прекрасна торта и заедничка забава со пријателите од Египет и Полска. Во текот на патувањето го искусивме искуството со Jeep Safari, што е најкарактеристично и го отсликува египетскиот ориентален стил.
Воодушевена бев од прошетката на едно од ултрамодерните места што се нарекува Венеција на Египет – El Gouna. Тоа е модерен туристички град на Црвеното Море во близина на Хургада.
Изграден е покрај брегот на мали острови и е познат по своите лагуни, корални гребени и песочни плажи. Марината Abu Tig е богата со ресторани и барови кои претставуваат вистинско уживање за посетителите“.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
М. М. | Црнобело