Запросувањето на Стефан Лазаров стана хит во шпанските медиуми, со саканата дадоа интервју за сајтот на ФК Барселона
- Детали
- среда, 21 септември 2022
„Го планирав ова околу 2 месеца, го одбрав токму ова место затоа што јас сум голем, гооолем фан на Барселона и навивам за нив уште како дете“, вели македонскиот јутјубер во интервјуто кое осамна на Јутјуб каналот на ФК Барселона, неговиот омилен фудбалски клуб.
Јутјуберот Стефан Лазаров ја запроси саканата Марта на стадионот „Камп Ноу“ во Барселона, а сега за запросувањето се пишува и во шпанските медиуми.
На својот Инстаграм профил Стефан објави: „Господ е голем…. Никогаш не ни замислував дека ова ќе го дочекам! 20 години ја гледам Барса… Сонот ми се оствари.“
На официјалниот канал на ФК Барселона, осамна и видео во кое Стефан дава кратко интервју околу запросувањето, а со оглед дека ова е неговиот омилен фудбалски клуб за кој навива цел живот, и повеќе од очигледно е зошто е пресреќен.
Во интервјуто тој вели:
„Го планирав ова околу 2 месеца, го одбрав токму ова место затоа што јас сум голем, гооолем фан на Барселона и навивам за нив уште како дете“, потоа тој додаде дека за него Барселона е нешто посебно, па сакал и Марта да го помни така и овој град и овој клуб, а некогаш во иднина и нивните деца да навиваат за тој фудбалски клуб и да го посетат стадионот, каде ја запросил.
Целата вест на сајтот на ФК Барселона ТУКА.
Погледнете го интервјуто:
С. С. | Црнобело