Хуман дечко од Битола спаси куна, која била речиси мртва - ѝ давал млеко со цуцла, ја однел на ветеринар (фото)
- Детали
- петок, 03 јуни 2022
Браво! Јове (31) од Битола е нашата позитива на денот. „Еден другар ми се јави дека нашол некое животинче паднато во дворот на некоја фабрика и ми рече дека едвај дише и беше испаничен што да прави. Кога ми го донесе сфатив дека станува збор за куна, но за жал беше речиси мртва. Почнав да ѝ давам млеко со цуцла, витамини, ја однесов на ветеринар, почнав да ја чувам...“, открива тој за CRNOBELO.com.
Јове Ѓоргиевски (31) од Битола е хуман дечко кој го прогласуваме за херој и позитива на денот.
Тој по повик од пријател ѝ го спасил животот на една куна, која сега го гледа како мајчинска фигура.
За CRNOBELO.com Јове открива детали за хуманиот гест:
„Еден другар ми се јави дека нашол некое животинче паднато во дворот на некоја фабрика и ми рече дека едвај дише и беше испаничен што да прави. Му реков да го земе и да ми го донесе.
Кога ми го донесе сфатив дека станува збор за куна, но за жал беше речиси мртва
.
Почнав да ѝ давам млеко со цуцла, витамини, ја однесов на ветеринар, почнав да ја чувам и сега е одлично.
Таа како животно е доста агресивна во природата, но со мене е многу приврзана и само да ми го слушне гласот чувствува како мајка ѝ да доаѓа.