Колумбискиoт фудбалер Себастијан Херера се ожени со прекрасна Македонка (фото)
- Детали
- среда, 25 мај 2022
Убавата 26-годишна Македонка го освои срцето на колумбискиот фудбалер, кој играше за Работнички 5 години и доби македонско државјанство. Парот блесна на свадбената церемонија...
Колумбиецот со македонски пасош, Себастијан Херера, кој играше за нашиот клуб Работнички, а сега е дел од унгарскиот клуб МТК Будимпешта, се вљуби во Македонка за време на својот престој кај нас, а сега и ја овековечи љубовта со неа.
Херера е роден е 1995 година, а во Македонија потпиша договор во 2015 година и за време на петте години во клубот Работнички доби и македонско државјанство.
Избраничка на Херера е убавата 26-годишна Елена. Нивната свадбена церемонија се случи неодамна, односно на 20-ти мај.
Пред тоа Елена престојуваше извесен период во Колумбија, каде уживаше во миговите минати со семејството на Херера, а особено со неговата мајка, која му е најзначајната фигура во животот.
Повеќе фотографии од парот:
https://www.instagram.com/p/B2glV8CnKPF/
https://www.instagram.com/p/ByOTA8XHhAF/
https://www.instagram.com/p/BvKF62eh7OG/
С. С. | Црнобело