Дечко од Радовиш ја запроси саканата во пустина во Дубаи на роденденско патување (фото)
- Детали
- понеделник, 09 мај 2022
„Дубаи беше една од најпосакуваните дестинации како избор за роденденско патување за мојата девојка, па јас одлучив да ѝ ја исполнам желбата, но и да ја изненадам со запросување...“, раскажува Борче Гоцев (26) од Радовиш за CRNOBELO.com.
Борче Гоцев (26) од Радовиш, поранешен фудбалер на Академија Пандев во Струмица, кој моментално живее во Холандија и има своја приватна фирма за внатрешен дизајн, неодамна ја запроси својата сакана Маја Костадинова (23) од Радовиш, дипломиран економист.
Запросувањето беше во пустина во Дубаи.
Борче за CRNOBELO.com вели:
„Дубаи беше една од најпосакуваните дестинации како избор за роденденско патување за мојата девојка, па јас одлучив да ѝ ја исполнам желбата, но и да ја изненадам со запросување. Мојот подарок за нејзиниот роденден е мојот живот.“
Повеќе фотографии од запросувањето:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело