Сузана Турунџиева се огласи од Истанбул: „Добри сме со Атиџе, сочувствуваме со семејствата на настраданите во трагедијата во Бугарија“
- Детали
- вторник, 23 ноември 2021
Македонија денес е обвиена во црно... „Тажно, многу тажно утро. Утрово како никогаш досега телефонот ѕвонеше и нотификации стигаа на секои 2,3 секунди...“, напиша Сузана Турунџиева на својот Фејсбук профил.
Сузана Турунџиева деновиве беше со својата пријателка Атиџе Муратова на патување во Истанбул.
Од добар муабет со чај и локум, преку истражување на локалните пазари до заслепеност од убавина од најновата, највисока и најголема џамија која се гледа од сите страни на Истанбул, двете пријателки уживаа во убавините на овој прекрасен град во Турција.
Но, по трагичната несреќа која се случи во Бугарија утрово (23-ти ноември) во која загинаа 46 патници кои се возеле во македонски автобус, враќајќи се од Истанбул, Сузана се огласи на својот Фејсбук профил.
Објавата на Сузана Турунџиева на Фејсбук:
„Тажно, многу тажно утро!
Утрово како никогаш досега телефонот ѕвонеше и нотификации стигаа на секои 2, 3 секунди. Атиџе и јас сме добри и безбедни, ВИ БЛАГОДАРИМЕ за грижата.
Многу нè потресе веста за големата трагедија во која настрадаа наши и странски државјани и искрено сочувствуваме со семејствата на настраданите.“
Тажно, многу тажно утро😫😥 Утрово како никогаш до сега телефонот ѕвонеше и нотификации стигаа на секои 2,3 секунди. Атиџе...
Posted by Suzana Turundzieva on Monday, November 22, 2021
Ова е огромна загуба за Македонија од која тешко ќе закрепнеме. Изразуваме сочувство до семејствата на настраданите. Не постојат зборови за утеха.
С. С. | Црнобело