„На еден татко на небото...“ - Сузана Турунџиева емотивна за роденденот на прерано починатиот партнер
- Детали
- четврток, 23 септември 2021
„На еден татко на небото денес му е роденден...“, ја започнува својата објава Сузана Турунџиева за својот прерано загубен и никогаш прежален сакан Марјан, со кого ја има ќерката Матеа.
За Сузана Турунџиева денес (23.09) е посебен ден, кој веќе години наназад ѝ причинува болка затоа што ја потсетува на огромната загуба што ја доживеа. Денес е роденден на нејзиниот прерано починат партнер Марјан, со кого ја има ќерката Матеа.
На својот Инстаграм профил таа на никогаш прежалениот Марјан му посвети емотивна објава: „На еден татко на небото денес му е роденден. Нека е вечен споменот за сите прекрасни луѓе кои живеат во нашите спомени“.
Инаку, во јули се навршија 5 години од неговата смрт, а таа тогаш само кусо напиша: „Што да напишам, а што веќе не сум напишала? 5 години“, со низа тажни емотикони.
Сузана во 2016 година објави и книга посветена на нејзиниот сакан со наслов „Не вели збогум“.
Фотки со нејзината ќерка Матеа, инаку Сузана ја има и постарата ќерка Лора од бракот со пливачот Александар Маленко:
С. С. | Црнобело / Фото: Фејсбук Сузана Турунџиева