„Мојата прва љубов“: Сузана Турунџиева со семејни фотки ѝ го честиташе роденденот на поголемата ќерка
- Детали
- вторник, 02 март 2021
„Среќен роденден убавице моја... И уште сто пати да се родам, повторно ќе сакам тебе да те имам“, напиша емотивната Сузана за нејзината ќерка Лора, која се омажи на 18-годишна возраст во 2018 година.
Сузана Турунџиева неретко истакнува дека нејзините две ќерки ѝ се најголемата инспирација во животот и дека љубовта кон нив прави да ги надмине сите тешкотии на животниот пат.
Нејзината постара ќерка Лора денес (02.03) слави роденден, а Сузана со семејни фотографии и емотивна објава ѝ честиташе на Фејсбук:
„2-ри март е првиот најсреќен ден во мојот живот... Денот кога ја добив Лора - мојата прва љубов.
Среќен роденден убавице моја... И уште сто пати да се родам, повторно ќе сакам тебе да те имам“.
Инаку, Лора се омажи во 2018 година на 18-годишна возраст со својот избраник Филип, а во март 2019 се реализираше во улогата на мајка, со што Сузана доби внуче и стана среќна баба.
Фотографиите што ги објави Сузана:
2ри март е првиот најсреќен ден во мојот живот... Денот кога ја добив Лора - мојата прва љубов❤ Среќен роденден убавице моја... И уште сто пати да се родам, повторно ќе сакам тебе да те имам🌹🥰🎁🦋🎊🥀
Posted by Suzana Turundzieva on Monday, March 1, 2021
С. С. | Црнобело