Ангела Ѓорѓиева објави семејни фотки по раѓањето на вториот син Алек: „Првите денови со тебе“
- Детали
- понеделник, 21 октомври 2024
„Албум со омилените фотки од првите неколку дена со тебе“ – напиша инфлуенсерката Ангела Ѓорѓиева до новите семејни фотки со синот Алек, кого го роди пред само десетина дена.
Ангела Ѓорѓиева на 10-ти октомври објави дека се породила со второто дете, па на Инстаграм ги објави првите фотки од вториот син и го откри неговото име.
„10.10 – денот кога нашите срца станаа двојно поголеми. Добредојде Алек“ – напиша таа накратко.
Фотки од болница, од првите мигови во домот заедно со сопругот Раде и синот Лиам...
Ангела покажа дека на среќата ѝ нема крај во нивниот дом, а дека сите се подеднакво возбудени и среќни.
Особено среќата е забележителна на лицето на постарото братче на Алек, кое постојано го држи новото бебе во рацете, или внимателно бдее над него додека спие.
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело