Од бикини блесна во црвен фустан: Ноне Неделковска го прослави 38-иот роденден
- Детали
- понеделник, 30 септември 2024
Откако почна да работи на брод, Ноне Неделковска роденденот секоја година го дочекува на различна дестинација.
Ноне Неделковска наполни 38 години, а роденденот го прослави во Турција.
Поранешната пејачка објави фотографии на Инстаграм од плажа и откри дека роденденот го поминала во Кушадаси.
„Блескајте 38“, напиша таа на фотките на кои во преден план се нејзините нозе и тетоважите.
За вечерта, пак, Ноне избра црвен фустан и објави уште неколку роденденски фотографии, но овој пат тие се направени на крузер, на зајдисонце.
Откако почна да работи на брод, Ноне роденденот секоја година го дочекува на различна дестинација.
Но, колку и да се тоа егзотични или луксузни локации, таа во 2020 година, роденденот го прослави во нејзиниот роден град Велес.
Таа тогаш кажа дека одамна немала толку убав роденден, најмногу бидејќи по долги години на брод, конечно за роденденот е со семејството.
Погледнете ги роденденските фотографии на Ноне:
А. Ј. | Црнобело