Сара Мејс доби пофалби за изгледот - „Сум заборавила како изгледаат нормални, неизботоксирани, убави жени“
- Детали
- вторник, 27 јули 2021
Браво за природноста на Сара Мејс, која навистина ни е вистинско освежување во време кога сè е вештачко, фотошопирано и со филтри на Инстаграм, а пофалби ѝ даде и диригентката Бисера Чадловска.
Сара Мејс периодов е на летен одмор во Египет со сопругот Димитар Атанасовски и нивната ќеркичка Илина.
Тие уживаат во активностите оттаму, а Сара Мејс објави фотки каде позира во бел дводелен костим за капење и изгледа одлично.
Еден од највпечатливите коментари на објавата на Сара е оној на диригентнката Бисера Чадловска: „Сум заборавила како изгледаат нормални неизботоксирани убави жени“.
Таа ја фали природноста на Сара Мејс која навистина ни е вистинско освежување во време кога сè е вештачко, фотошопирано и со филтри на Инстаграм.
Прочитајте и „Леле, морево какво е“ - Сара Мејс и Димитар Атанасовски на одмор во Хургада, Египет
С. С. | Црнобело