Кучето Рекс го најде својот дом
- Детали
- петок, 14 мај 2021
Кучето Рекс кое беше најдено на улица, напуштено и во лоша состојба, и донесено во прифатилиштето на ЈП „Лајка“ од семејството Шилегови, вчера го најде својот дом.
Ова весело кутре го вдоми малата Вивиен, заедно со нејзината мајка.
Градоначалникот Шилегов со сопругата Јасмина и со децата вчера го посетија прифатилиштето „Лајка“ и се запознаа со вдомувачите на слаткиот Рекс. За новиот почеток Рекс доби многу подароци, гушкање и желби за среќни мигови со своето ново семејство.
Градоначалникот Шилегов на социјалните мрежи упати благодарност до сите граѓани што активно и волонтерски придонесуваат што повеќе бездомни кучиња да го најдат својот дом.