Како изгледа денес најпознатата Бинго девојка, Натали Грубовиќ? (фото)
- Детали
- вторник, 23 март 2021
„Памтам со дедо ми покоен стално купувавме бинго. Убави времиња“, „Ајдеее Натали дај му на човекот“, „Игор, бевте тим од соништата, тоа нема да се повтори“, „Ова не е бинго, ова е Супер Бинго“ се само дел од коментарите под фотографијата на Игор Џамбазов од времето кога водеше Бинго со Натали Грубовиќ.
Сигурно и вие се сеќавате на фамозната изјава на Игор Џамбазов во Бинго „Натали, дај му на човекот!“
Игор Џамбазов деновиве се потсети на старите добри времиња кога ја водеше играта на среќа Бинго заедно со прекрасната Натали Грубовиќ.
Тој на својот Инстаграм профил објави фотографија од тој период и напиша:
„Елеганција во движење... Со Натали Грубовиќ , во златната ера на телевизиските игри на среќа.“
Со оваа фотографија од едно поинакво, а многумина би рекле и поубаво време, Џамбазов разбуди спомени кај многу негови фанови.
„Легендо“, „Памтам со дедо ми покоен стално купувавме бинго. Убави времиња“, „Ајдеее Натали дај му на човекот“, „Игор, бевте тим од соништата, тоа нема да се повтори“, „Ова не е бинго, ова е Супер Бинго“ се само дел од коментарите под фотографијата.
Инаку, Натали и денес е беспрекорна убавица, а времето како да застанало за неа.
Таа се омажи во Србија, а со својот сопруг Дрен Глушац во 2017 година доби ќеркичка. Натали се повлече од јавноста.
Како изгледа Натали Грубовиќ денес:
https://www.instagram.com/p/BccdzpXjsKE/
С. С. | Црнобело