Натали Грубовиќ на летување во Црна Гора: Згодна во петтата деценија, објави ретки фотки со ќерката и сопругот
- Детали
- четврток, 18 јули 2024
Поранешната манекенка и Бинго девојка уживаше во Порто Монтенегро со сопругот Дрен Глушец и ќерката која го носи нејзиното име, Натали, а која наскоро ќе полни 7 години.
Една од најпознатите манекенки кај нас, и поранешна Бинго девојка, Натали Грубовиќ, ретко е активна на социјалните мрежи.
Таа на својот Инстаграм објавува по само неколку фотографии годишно, па затоа беше вистинско изненадување кога сподели фотки од семејното летување.
Натали беше на одмор во Црна Гора, заедно со сопругот Дрен Глушец и ќерката која го носи нејзиното име, Натали, а која наскоро ќе полни 7 години.
Семејството уживаше во популарното летувалиште Порто Монтенегро.
Некогашната манекенка, иако е во петтата деценија, изгледа одлично и згодна е како во времето кога активно се занимаваше со моделинг и чекореше по модните писти, но и често се појавуваше на ТВ екраните како хостеса на популарното Бинго што го водеше Игор Џамбазов.
Од тоа време остана и една од најпознатите ТВ реплики кај нас: „Дај му на човекот, Натали“.
А. Ј. | Црнобело