92-годишен дедо од Скопје рецитира поезија - тоа е дух што инспирира
- Детали
- понеделник, 22 март 2021
Taткото на професорката по македонски јазик Татјана Алексиќ, кој цел живот бил вљубеник во пишаниот збор, воодушевува со тоа што и покрај деменцијата, совршено ја рецитира песната Гаудеамус игитур.
Вчера, 21-ви март, беше Светскиот ден на поезијата, а по тој повод професорката по македонски јазик Татјана Алексиќ на својот Фејсбук профил објави видео на кое нејзиниот 92-годишен татко рецитира поезија.
И покрај здравствените проблеми, меѓу кои и деменција, тој совршено ја рецитира Гаудеамус игитур на 92 години.
„По повод Светскиот ден на поезијата, татко ми и ќопав и ќорав и дементен, ама сѐ уште змејски ја рецитира Гаудеамус игитур на 92 години“, напиша Татјана.
Неговиот дух и љубовта кон поезијата се навистина инспиративни.
Погледнете го видеото:
<3 По повод Светскиот ден на поезијата, татко ми и ќопав и ќорав и дементен, ама сѐ уште змејски ја рецитира Гаудеамус игитур на 92 години <3
-->Posted by Татјана Алексиќ on Sunday, March 21, 2021
С. С. | Црнобело