Денес е Светскиот ден на поезијата

Секоја година, 21-ви Март е резервиран за одбележување на три големи настани. Освен што ќе и кажеме големо “Добредојде” на пролетта и ќе си го средиме домот, училиштето или работното место во чест на денот на екологијата, ќе го прославиме и Светскиот ден на поезијата.

denes-e-svetskiot-den-na-poezijata-01

Една од повеќето причини зошто се означува токму Светскиот ден на поезијата, е одржување во употреба на усмениот рецитал. На овој начин се обновуваат и дијалозите помеѓу поезијата и другите уметности.

Одлуката токму 21-ви Март да се прославува како Светски ден на поезијата била усвоена во Париз во 1999 година. Оттогаш, овој ден се прославува со книжевни собири низ целиот свет од страна на поетите кои испраќаат пораки во чест на стиховното творештво.

А, ние во чест на поетите, за вас одвоивме неколку познати стихови од нивните поезии.

1.  “Ништо не е повидливо и ништо не е поприсутно од твоето отсуство: ни детските шепоти што ги откривав во сеидбите на дождовите, ни закажаната бура во пајажината…”: извадок од циклусот “Пет љубовни писма”, - Петре М. Андреевски.

2. “Нема ли живот, нема ли љубов за живот голема, љубов за живот човечна у виа гради аргатски?...” - “Печал”, Кочо Рацин

3. “Морето твое ме создаде, бран да ти бидам, ти го одземам просторот во кој ги спушти своите раце да мируваат. Бран сум ти, нешто можеби и нетвое.Ти одземам сето. А ти...” - “Ти и јас”, Даница Ручигај

4. “Јас не ја знам ѕвездата под која се родив, и дали вети зло или добрина. Кажи ми ја твојата ѕвезда, да знам дали таму е запишана и мојата судбина” - “Хороскоп”, Радмила Трифуновска.

5. “Ти што ќе стоиш на Газибаба, потомче-чуј: одовде и јас Скопје сум го гледал, а денот беше пролетен...” - “Скопје”, Блаже Конески

6. “Пискотници се слушаат од Галичник до Река, што тешка несреќа ги збра и мажите, и жените...” - “Сердарот”, Григор Прличев

7. “Орелски крилја как да си метнех, и в наши ст’рни да си прелетнех!.. “ - “Т’га за југ”, Константин Миладинов.

Ова се само неколку кратки извадоци од поезијата на големите поети кои твореле на нашите простори. Се надеваме, дека успеавме накратко да ве потсетиме на популарните поетски песни, кои сте ги читале во училишните клупи.

Секако, листата нема крај, слободно учествувајте во коментарите со вашите омилени стихови во чест на Светскиот ден на поезијата.

Би можело да ве интересира:

Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg