Комерцијална банка донираше на Министерството за здравство возила за итна помош, медицинска опрема и тестови за Ковид-19 во вредност од 336.600 евра

Две амбулантни возила за Итна помош, 280 кислородни концентратори, маски за неинвазивна вентилација и 7.120 тестови за Covid-19 донираше Комерцијална банка на Министерството за здравство за да им помогне на здравствените власти во справувањето со последиците од вирусот.

komercijalna-banka-donirashe-na-ministerstvoto-za-zdravstvo-vozila-za-itna-pomosh-medicinska-oprema-i-testovi-za-kovid-19-vo-vrednost-od-336-600-evra0-.jpg

Скопје, Комерцијална банка АД Скопје, 15.12.2020 година – Две амбулантни возила за Итна помош, 280 кислородни концентратори, маски за неинвазивна вентилација и 7.120 тестови за Covid-19 донираше Комерцијална банка на Министерството за здравство за да им помогне на здравствените власти во справувањето со последиците од вирусот. Со најновата донација во вкупна вредност од 20.700.855,00 денари (околу 336.600 евра), Комерцијална банка уште еднаш даде поддршка на македонското јавно здравство.

komercijalna-banka-donirashe-na-ministerstvoto-za-zdravstvo-vozila-za-itna-pomosh-medicinska-oprema-i-testovi-za-kovid-19-vo-vrednost-od-336-600-evra0-02.jpg

„Во борбата со пандемијата сме исправени сите и сите во рамките на своите можности треба да придонесеме за полесно справување со пандемијата. Развојот на настаните ни покажува дека за жал вирусот Covid-19 и натаму претставува сериозна закана за здравјето и животот на граѓаните, кој ги исцрпува медицинските ресурси и силите на здравствените работници. Со најновата донација Комерцијална банка прави нов исчекор и уште еднаш дава значајна поддршка на општеството во овие исклучителни мигови за нашата земја и за граѓаните. Нашата цел е како банка во соработка со Министерството за здравство да им помогнеме на здравствените власти во справувањето со последиците од вирусот“, изјави д-р Маја Стевкова Штериева, Главен финансов директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје.

komercijalna-banka-donirashe-na-ministerstvoto-za-zdravstvo-vozila-za-itna-pomosh-medicinska-oprema-i-testovi-za-kovid-19-vo-vrednost-od-336-600-evra0-03.jpg

Годинава, ова е петта по ред донација на Комерцијална банка за потребите на јавното здравство, со што вкупната помош од Банката за здравствените работници достигна 590.000 евра.

komercijalna-banka-donirashe-na-ministerstvoto-za-zdravstvo-vozila-za-itna-pomosh-medicinska-oprema-i-testovi-za-kovid-19-vo-vrednost-od-336-600-evra0-4.jpg

Во март, беа донирани медицински заштитни маски за лице во вредност од 1.198.750,00 денари, беше обезбедена финансиска помош - донација во износ од 6.150.000,00 денари за потребите на Министерството на здравство и дополнителни 8.220.000,00 денари за вработените во Клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби Скопје и Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија. Со најновата донација, за потребите на јавните здравствени установи Комерцијална банка обезбеди две амбулантни возила за Итна медицинска помош, 280 кислородни концентратори наменети за контиунирана кислородна терапија на пациенти со хронични белодробни заболувања, 7.000 брзи тестови за утврдување на присуство на вирусот Covid-19, 120 реагенси за тестови, како и маски за неинвазивна вентилација за еднократна и повеќекратна употреба.

Би можело да ве интересира:

Вирален статус на Македонка против сите што шират предрасуди: „Вработена, а бара помош – како не ѝ е... „Не смее да пие кафе, не смее да има другарки, од каде пари за кафе, уште малку ...
Вирален статус на Македонец: „Ех, ѕвони за одмор и купуваш симит за 20 денари и чокобисквит за 10“ „Замисли си дека е 98-ма, уште малку и ќе ѕвони за голем одмор. Што би си купил ...
Лежалка 200 денари, чаша вино 250: Какви се цените во Трпејца ова лето? На плажите може да се најде место и слободна лежалка, а и рестораните не се преп...
Миа Костова за летувањето во Ердек: „Тијана има стан тука, влез на приватна плажа е меѓу 600 и 1.500... „Цените до лани беа супер евтини, годинава се како во Грција. Има лахмаџун ...
Милена од Прилеп со двете деца маскирана во „мајка на змејови“ за Прочка: „Се спремавме од декември“ „Беше предизвик да го убедам поголемиот син, бидејќи сакаше да биде Спајдермен, ...
Докторка од Берово запросена на смена во Итна медицинска помош: „Очекував пациент, но влезе партнеро... „Бев втора смена во Итната медицинска помош. Ѕвончето заѕвоне и станавме на штре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg